Печати
Категорија: Нолеџ Центар - стари артикли

Во областа на Проектен Менаџмент нудиме услуги во:

1. Подготвување проектни апликации и предлози за сите типови организации, таргетирајќи домашни и меѓународни донатори (мултилатерални и билатерални грантови);

2. Спроведување детална и професионална евалуација, анализа и ревизија на завршени проекти и/или проекти во тек (кога е потребно);

и најважно од се,

3. Обезбедуваме Канцеларија за Проектен Менаџмент (Project Management Office – PMO). Канцеларијата за ПМ претставува многу повеќе од само група вработени ангажирани на проектно планирање, временски распоред, комуникација со клиенти и обезбедување испорака на проектот. PMO e премин од состојба на организирање на проектот кон независна проектна организација со повеќе поврзани одговорности за централизирано и координирано управување со проектите.