Вести

🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победници од Битола!

🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победници од Битола!

ФИКТ Иновации „Од Млади за Млади“ за побезбеден интернет одекнаа и во Пелагонија!

Националниот хакатон „MKSAFENET Innovators 2025!“ успешно заврши и во Битола, каде студентите и младите ентузијасти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) - УКЛО покажаа извонредна креативност и техничко знаење.

Дводневниот настан беше вистински маратон на идеи, исполнет со тимски дух, кодирање и желба да се создадат решенија кои ќе направат реална разлика во дигиталната безбедност.

По интензивната работа и презентациите пред стручното жири, беа избрани најдобрите решенија кои се истакнаа со својата оригиналност и применливост. Тимот на Проектот МКSafeNet и  Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) - УКЛО ги објавува победниците од локацијата Битола.

 

 

Прво Место: VibeCode Innovators (Никола Ѓорговски, Бојан Трајковски, Филип Здравески)
Овој тим ги освои судиите и првото место со нивното иновативно решение, покажувајќи извонредна синергија и техничка подготвеност за решавање на предизвиците на модерното дигитално живеење.


Второ Место: Guardians of the Web (Илче Наумовски, Филип Томевски)
Тимот „Чувари на вебот“ се истакна со креативен концепт и посветеност кон создавање побезбедна онлајн средина, заслужено освојувајќи го второто место.


Трето Место: SafeNet XR (Сара Чагоровска, Бобан Кузмановски, Никола Андреевски, Димитар Марковски) Со фокус на новите технологии, тимот SafeNet XR понуди напредно и паметно решение, демонстрирајќи како иднината на интернетот може да биде и возбудлива и безбедна.

          „Честитки до сите тимови кои се натпреваруваа на ФИКТ! Вашата енергија покажа дека Битола е сериозен центар на млади таленти подготвени  да го менуваат дигиталниот свет на подобро.“  истакна Проф д-р Благој Ристевски - Декан

Проектот МКSafeNet им додели награди и сертификати на сите учесници, вреднувајќи го нивниот труд и посветеност во мисијата за подигнување на свеста и заштита на децата и младите во дигиталниот простор.