Вести

ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАШТВО ВО ЛАРНАКА, КИПАР

ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАШТВО ВО ЛАРНАКА, КИПАР

Од 17-ти до 19-ти март 2019 година, 60 заинтересирани учесници од 5 земји се собраа на Кипар за да ги унапредат своите знаења во врска со најновите иновации во енергетскиот сектор. Темата опфати намалување на потрошувачката на енергија за да се намалат емисиите на загадувачи, управување со енергијата во зградите, обновливите извори на енергија, како и управување со отпад.