Центарот за управување со знаење (ЦКМ) со задоволство ве поканува да бидете дел од настанот - Најдобри дигитални практики во лабораториите- посветени на размена на најдобрите практики за дигитализација во лабораторискиот сектор и стручното образование.
Овој настан се организира во рамките на европскиот проект „Lab of the Future“, кој е кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. Главната мисија на проектот е да ја забрза дигиталната и зелената транзиција преку воведување на технологии како вештачка интелигенција (AI), виртуелна реалност (VR), интернет на нештата (IoT), блокчејн, сајбер-безбедност и Cloud-LIMS системи.
Што ве очекува на настанот?
- Презентација на проектот: Запознавање со целите и идните можности што ги нуди „Lab of the Future“.
- Презентација на европски водич од 70 најуспешни дигитални практики.
- Споделување на успешни приказни: Презентации од неколку истакнати лаборатории кои ќе ги споделат своите реални искуства и најуспешни практики за дигитализација на нивните процеси.
- Отворен форум и дискусија: Заедничка дебата за мапирање на главните предизвици со кои се соочуваат лабораториите денес, како и изнаоѓање решенија за унапредување на дигиталните вештини на кадарот.
За кого е наменет настанот?
- Лабораториски техничари, менаџери и практичари.
- Студенти, наставници и обучувачи од стручното образование (ВЕТ центри).
- Претставници од мали и средни претпријатија и центри за обука.
- Други учесници
Детали за настанот:
- Датум: 01.07.2026 (Среда)
- Време: 10:00 до 12:00 часот
- Локација: Просториите на Центарот во зградата на Осигурување Македонија, 11 Октомври бр.25, Скопје
ЛИНК за РЕГИСТРАЦИЈА
Можност за онлајн и физичко присуство.
Бидејќи бројот на учесници е ограничен (околу 30 присутни), ве молиме навремено да го потврдите вашето присуство преку пополнување на прашалникот во продолжение.