Печати
Категорија: Вести
Посети: 1699

WECAN (Обука на тренери на жени претприемачи) е проект финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, кој Центарот за управување со знаење го спроведува заедно со уште 5 партнери од други ЕУ земји. Целта на проектот е да се зголеми претприемачкиот капацитет на жените и да се зајакнат оние кои одлучиле да бидат претприемачи или оние кои штотуку започнуваат да го развиваат своето претпријатие, преку употреба на прилагодена програма за обука. За повеќе информации за проектот, кликнете тука.

Како дел од активностите на овој проект во рамки на месец април 2021 година, ќе се спроведат онлајн пилот обуки за жени претприемачи кои ќе бидат обучувачи, односно WECoaches. Избраните учеснички, преку претходно подготвени материјали, ќе бидат обучени за тоа како да водат други жени во претприемништвото. 

Притоа, учесничките ќе станат дел од европска група на жени (27 жени од различни европски земји), кои во иднина ќе обучуваат други жени претприемачи. За учеството, секоја учесничка ќе се стекне со европски сертификат за обучувач!

Важни напомени!

Обуките се спроведуваат на англиски јазик, поради што е потребно солидно познавање на англискиот јазик.

За пилот обуките во април, ќе бидат избрани 3 жени. НО, на почетокот на јуни 2021, обуките ќе бидат достапни електронски и ќе се спроведе за истите инфо ден со 20 ученички. За учество на овој ден не е потребно дополнително аплицирање, односно преку ова аплицирање Вие веќе се стекнувате со можноста да бидете избрани за подоцнежниот настан!.

Обуките се без надомест!

Датуми на обуките: 

7, 13, 14, 19, 20 април 2021 година

Место и време:

Обуките ќе се спроведат онлајн, а учесничките на време ќе бидат известени за платформата

Обуките ќе се спроведуваат од 9 часот до 13 часот. Деталната агенда ќе биде испратена до учесничките

Потребни документи и доставување:

За учество, потребно е да го доставите Вашето CV до 31-ви март на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.