Печати

Индексот за глобална конкурентност претставува рамка и соодветен сет на индикатори во три главни категории и дванаесет политички домени за 137 економии.  Најновиот извештај за глобалната конкурентност 2017-2018 укажува дека десет години од глобалната финансиска криза, изгледите за одржливо економско обновување се изложени на ризик поради зголемениот неуспех од страна на лидерите и носителите на одлуки да  воведат реформи за поддршка на конкурентноста што ќе придонесе за зголемување на продуктивноста

Швајцарија, САД и Сингапур остануваат трите најконкурентни економии во светот, а потоа следат Холандија, Германија и Хонг Конг

Со ранг на 68-то место во претходната година, Македонија не учествува во овогодишното рангирање. Од нашите соседи највисоко рангирани според Извештајот за глобална конкурентност 2017 – 2018 се:

  1. Словенија – 48 место
  2. Бугарија – 49 место
  3. Романија – 68 место
  4. Хрватска – 74 место
  5. Албанија – 75 место