Печати

 

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2018 година е 0.1 %.

Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите:

  • Њ, О и П - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 12.1 %;
  • Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.5 % и
  • К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8.5 %.

 

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 4.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 64.3 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 9.1 %.