Пет држави од балканско-средноморската област меѓу кои и Македонија ќе разработуваат платформа насочена кон зајакнување на конкурентноста и иновативноста на бизнис-субјектите, како и алатки со кои компаниите би ги реализирале своите нови бизнис-идеи.

д-р Андријана Богдановска Ѓуровиќ, директор на Центарот за управување со знаење, како експерт преку првиот повик за изработка на секторски анализи во рамките нa ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO) ја изработи анализата на тема "Анализа на секторската политиката во делот на иновациите и конкурентност на РМ".

„Интегрирани програми за поддршка и раст на малите и средни претприемачи – Случај на Република Македонија” е името на проектот кој Др. Андријана Богдановска Ѓ. ќе го презентира на 2017 PEP Годишна конференција и состанок.

Наградени кандидати

На 29-ти октомври, во Дом на АРМ – Струмица се оддржа настан за доделување на награди на кандидатите за најуспешни бизнис планови во рамките на проектот „Поддршка на старт ап  бизниси за млади“.

Обуки Струмица Старт ап

6-ти октомври, 2016 година, Срумица, Македонија 

Завршија образовните обуки кои ги спроведе Knowledge Center како дел од проектот „Поддршка на старт ап бизнис за млади” поддржан од Општина Струмица и ФООМ.

29-ти јуни, 2016, Капфенберг, Австрија

На 29-ти јуни, 2016 година, тимот на ЦКМ присуствуваше на 4-тиот проектен состанок од проектот М-трговија. Состанокот се оддржа во просториите на FH JOANNEUM – Универзитет за применети науки лоциран во Капфенберг, место помеѓу Грац и Виена. 

23-28 мај, 2016, Скопје, Македонија

Во недела со почетокот на 23-ти мај 2016 година, CKM организираше обука во областа на М -трговија (мобилни трговија). Обуката е резултат на Еразмус Плус проектот, М -трговија , додека модулите за обуката се изработени заеднички од страна на 7 проектни партнери од различни земји -членки на ЕУ и ЕУ апликанти. CKM учествуваше во проектот од Македонска страна.