Печати
Категорија: Вести

29-ти јуни, 2016, Капфенберг, Австрија

На 29-ти јуни, 2016 година, тимот на ЦКМ присуствуваше на 4-тиот проектен состанок од проектот М-трговија. Состанокот се оддржа во просториите на FH JOANNEUM – Универзитет за применети науки лоциран во Капфенберг, место помеѓу Грац и Виена. 

Проектните партнери на состанокот направија евалуација на обуките во М-трговија кои се оддржаа во секоја од земјите на проектните партнери. Обуките беа фокусирани на 6-те тренинг модули коа беа претходно изработени како резултат на истражувањето (анкета и интервјуа) за потребите на малите и средни претпријатија, кое се спроведе во сите седум земји од каде потекнуваат проектните партнери.

Проектот М-трговија е поддржан од прогрмата Еразмус+ со цел да се развие свеста и  да се обезбеди know-how на мали и средни компании (МСП) за алатките и техниките кои им ги нуди М-трговија. Главна цел на проектот е да развие и испорача шест модули во М-трговија кои ќе овозможат компаниите да научат како да ги понудат нивните производи/услуги на клиенти кои пазаруваат преку мобилни уреди.