Печати
Категорија: Вести
Посети: 412

Центарот за Управување со Знаење е еден од 9-те технолошки центри, акцелератори и паркови кои ќе учествуваат во претстојниот EUSAIR POPRI youth настан.

POPRI е словенечки претприемачки натпревар за млади луѓе кои имаат јасна визија, одлични идеи и претприемачки дух. EUSAIR POPRI youth настанот е организиран од Приморски технолошки парк во блиска соработка со технолошки паркови, акцелератори и инкубатори од земјите на EUSAIR. Млади студенти од 9 EUSAIR земји (по еден тим од ученици од средно училиште и еден тим од студенти, од секоја земја) ќе присуствуваат на натпреварот каде ќе ги претстават нивните НАЈДОБРИ национални ПРЕТПРИЕМАЧКИ ИДЕИ.

На овој натпревар, два тима ќе земат учество и ќе ја претставуваат Северна Македонија со нивните најдобри идеи. Еден од овие тимови е македонскиот тим кој победи со најдобра иновативна идеја од полето на животната средина на проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претпремништво“ – И3 (Interreg Balkan-Mediterranean project I3).

Овој настан ќе се одржи на 11 и 12 мај 2021. Останете со нас за повеќе информации!