Печати
Категорија: Вести
Посети: 3216

На 28-ми септември 2017 година во Софија се одржа почетна средба на И3 проектот, чиј носител е Бугарскиот Економски Форум.

   На оваа средба учествуваа сите партнери во проектот, каде што имаа можност да се  запознаат меѓу себе, да ги претстават своите организации и да му овозможат на Бугарскиот  Економски Форум како водечки партнер да го претстави планот за исполнување на  активностите што следат.

   И3 (Идеи,Инвенции, Иновации за Претприемачи) претставува проект за унапредување на територијалниот развој, соработка и поддршка на конкурентноста на Балканско-медитеранската област преку развивање, воспоставување и промовирање на модел за претприемничко учење и трансфер на знаење (Идеи,Инвенции, Иновации - И3) за едукација на студенти и претприемачи.
   

 

И3 е проект избран за финансирање во првиот повик на Балканската Медитеранска програма.

И3 е имплементиран од 6 партнери на проектот од 5 земји. Бугарскиот Економски Форум е водечки партнер. И3 започна на 1 август 2017 година и се очекува да заврши на 31-ви јули 2019 година.