Позиција: Проектен асистент / Помлад истражувач

Испратете CV и мотивационо писмо на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Краен рок за аплицирање: 30.12.2022 (петок)

 

За Организацијата

Центарот за управување со знаење е истражувачки и едукативен центар основан во 2008 година, со цел да ги унапреди и подобри процесите за управување со знаењето во сите општествени сфери во Република Македонија и регионот на ЈИЕ. Покривајќи широка област на активности кои се вршат во соработка со граѓанскиот сектор, државата и јавната администрација како и профитниот сектор, нашата визија е да станеме активен чинител во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.

За својата главна канцеларија, Центарот има потреба од проектен асистент/помлад истражувач.

Проектниот асистент првенствено ќе работи на координација на активности и обуки на два проекти на ЦКМ од Ерасмус плус програмата, но ќе биде вклучен и во други проекти. Двата проекти се кофинансирани од Европската Унија и од фондовите на земјите членки. Одговорностите за позицијата опфаќаат:

  • Ги координира експертите на Центарот и ја поддржува нивната работа со истражување и анализа;
  • Ги координира сите активности на проектите како што бара Проект менаџерот комуницира со партнерите, засегнатите страни, организира виртуелни и традиционални состаноци, подготвува агенди и записници;
  • Координира логистика и добавувачи при организирање настани за проектите;
  • Работи на развивање содржина за веб-страницата на организацијата;
  • Одговорен за аватарите на друштвените мрежи односно ажурирање информации за друштвените мрежи;
  • Одговорен за е-билтени на; CKM има автоматизиран систем за е-пошта и сервер со урнеци на билтени;
  • Следи проектни повици и програмски новости и се вклучува во проектни апликации по потреба;

Не е потребно работно искуство, но искуство во работа на проекти ќе се смета за предност. 

Образование

  • Високо образование. Диплома во е-бизнис , eкономија, претприемништво, или ИТ, индустриски инженеринг и иновации ќе се смета за предност.

Дополнителни вештини:

  • Одлично познавање на англискиот јазик (пишување и зборување);
  • Одлично познавање на Microsoft Office 
  • Основни знаења за користење на нови технологии – Интернет и друштвени мрежи;
  • Тимски играч, мотивиран од достигнувања.

Платата ќе зависи од искуството и знаењето на кандидатот и се движи во НЕТО вредност од 21 000 МКД до 30 000 МКД за 40 часа неделно. Договорот е на определено време од една година со можност за натамошно продолжување на истиот со повисока плата.