Кружниот HRM има за цел да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од секторот за еко индустрија од традиционален, линеарен модел на управување со чвечките ресурси во оддржлив (кружен) модел кој ја подобрува регенерацијата на вештините и компетенциите на работното место и фаворизира кружни и одржливи деловни и организациски модели.

 

 

 Кружен модел на управување со човечките ресурси

Поттикнување на вештините и работните места преку образовни модули за кружно управување со човечките ресурси

Во оддржливата економија (circular economy), потребно е работниците да развијат долгорочно и интердисциплинарно размислување, додека креативноста, свеста и проактивноста стануваат од суштинско значење за човечките ресурси на иднината. Развојот на човечките ресурси според принципите на одржливата (кружна) економија е важен предуслов за конкурентна економија. Кружното управување со човечките ресурси (HRM) може да резултира во трајни и одржливи вештини во претпријатието за разлика од сегашниот линеарен модел на ангажирање, управување, и на крај отпуштање од работа.  Кружното управување со човечките ресурси има за цел да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од традиционален, линеарен модел на управување со човечките ресурси во оддржлив (кружен) модел кој ја подобрува регенерацијата на вештините и компетенциите на работното место и фаворизира кружни и одржливи деловни и организациски модели.

Circular HRM

 

Име на проектот: Оддржлив (кружен) модел на управување со човечките ресурси
   
Акроним на проектот: Кружен HRM
   
Број на проектот: 2019-1-BE01-KA202-050448
   
Лидер на проектот: POUR LA SOLIDARITE ASBL
   
 Партнери на проектот:

Center for Knowledge Management, North Macedonia

ARIS FORMAZIONE E RICERCA SOCIETA COOPERATIVA , Italy

SGS TECNOS, Spain

VIESOJI ISTAIGA KAUNO MOKSLO IR TECHNOLOGIJU PARKAS, Lithuania

People Management Network, Belgium

NATIONAL UNIVERSITY OF IRELAND GALWAY, Ireland

FUNDACION EQUIPO HUMANO, Spain

   
Статус на проектот: во тек
   
Период на имплементација: 01.09.2019 – 31.12.2021
   
Проектен веб страница: http://www.circular-hrm.eu
   
Тим (Северна Македонија) Андријана Богдановска, PhD, MBA, 
Бранко Ѓуровиќ, PhD cont., MBA, BSc in ICT, 
Александар Ѓ. (проктен асистент)
 
Краток опис:

Во декември 2015 година, Европската комисија усвои акциски план за забрзување на транзицијата на Европа кон кружната (оддржливата) економија, зајакнување на глобалната конкурентност и промовирање на одржлив економски развој и создавање нови работни места. Овој акциски план вклучува спроведување на 54 мерки за „затворање на јазот“ во животниот циклус на производите, од производство и потрошувачка до управување со отпад и пазарот на суровини. Во март 2019-та година, Европската комисија изјави дека сите 54 мерки се завршени или се во процес на завршување. Прегледот на акцискиот план доведе до создавање на нови работни места, особено во секторите на кружната економија (повторна употреба и рециклирање) во кои се вработени 4 милиони работници во 2016 -та година, што претставува зголемување од 6% во однос на 2012 година. Комисијата проценува дека таканаречените „кружни“ активности, како што се поправка, повторна употреба и рециклирање, создадоа додадена вредност од околу 147 милијарди евра, додека тие претставуваат 17,5 милијарди евра инвестиции. Сепак, Комисијата исто така посочува дека иако кружната економија е неповратен глобален тренд, останува да се направи многу за интензивирање на дејствувањето на ниво на ЕУ со цел целосно затворање на јазот и обезбедување на конкурентска предност што им ја носи на европските компании. Некои области на деловно дејствување не се опфатени со акцискиот план и може да се истражат за да се надополни кружната агенда на ЕУ. Навистина, кога зборуваме за кружната економија, се повикуваме на поимите на природниот капитал (подобро управување со ресурсите / намалување на нивната употреба), физички или технички капитал (преработка, производство, рециклирање); но не многу за концептот на човечкиот капитал. Сепак, транзицијата кон кружна економија нема да биде целосна ако се заборави на човечката димензија. Мора да се донесе нов пристап кон управувањето со човечките ресурси, така што кружната економија може да одговори и на општествените проблеми што ги создава линеарната економија (невработеност, неусогласеност на вештини, стрес и депресија на работното место, стареење на популацијата и сл.).

Што значи оваа транзиција за секторот за управување со човечки ресурси?

Во оддржливата економија (circular economy), потребно е работниците да развијат долгорочно и интердисциплинарно размислување, додека креативноста, свеста и проактивноста стануваат од суштинско значење за човечките ресурси на иднината. Развојот на човечките ресурси според принципите на одржливата (кружна) економија е важен предуслов за конкурентна економија. Кружно управување со човечките ресурси (HRM) може да резултира до траен и одржливи вештини во претпријатието за разлика од сегашниот линеарен модел на ангажирање, работа, па отпуштање од работа.  Кружното управување со човечките ресурси има за цел да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од секторот за еко индустрија од традиционален, линеарен модел на управување со чвечките ресурси во оддржлив (кружен) модел кој ја подобрува регенерацијата на вештините и компетенциите на работното место и фаворизира кружни и одржливи деловни и организациски модели.  Ако оддржливиот (кружен) модел на HRM значи ограничување на истекувањата на таленти и вештини и регенерирање на човечкиот капитал, потребни се нови бизнис модели и практики за управување со човечките ресурси. Проектот цели да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од секторот за еко-индустрија од традиционален, линеарен модел на HRM, до кружен модел на HRM кој ја подобрува регенерацијата на вештини и компетенции на работното место и фаворизира кружни и одржливи бизниси и организациски модели.

 

Проектните активности покриваат:

 - Идентификување на практиките за оддржливост во управување со човечките ресурси во претпријатијата
 - Модул за обука
 - Развој на платформа за е-обука и споделување на знаења
 - Пилотирање на курсеви за обука и обука преку Интернет 

   
Целни групи:

Проектот цели да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од секторот за еко-индустрија од традиционален, линеарен модел на HRM, до кружен модел на HRM кој ја подобрува регенерацијата на вештини и компетенции на работното место и фаворизира кружни и одржливи бизниси и организациски модели.Еко-компаниите обезбедуваат иновативни производи и услуги кои се обидуваат позитивно да влијаат на природната околина (ОЕЦД).

Тие се соодветна целна група бидејќи веќе се посветени на одредени принципи на кружната економија.

Спроведувањето на кружни практики во управувањето со човечките ресурси ќе им овозможи да ја зголемат својата конкурентска предност. Проектот ќе обезбеди можности за успешно работење со менаџерите за човечки ресурси на малите и средни претпријатија од еко-секторот, решавање на меѓу-националното прашање на неусогласеност на вештини и стареење на работната сила. Но исто така кружните практики во управување со човечките ресурси ќе имаат и позитивно влијание врз:

 - Малите и средни претпријатија во ЕУ: одбегнување на ризик од несовпаѓање на вештини;
 - Пазар на труд во ЕУ: Создавање работни места без технолошки вишок со веќе присутен човечкиот капитал
 - Економија и животна средина на ЕУ: За одржлив развој на компаниите и еко-компаниите.