Фондацијата за унапредување на Образованието (EEF) ќе спроведе истражување за да испроба дали ChatGPT може да им помогне на учителите да го намалат работно време во еден од првите такви проекти за истражување.

Иновациите се движечка сила за напредок, а со доаѓањето на Creative AI, имаат потенцијал да станат уште поинклузивни. Со искористување на алатките за вештачка интелигенција во текот на иновативниот процес, инклузивноста може беспрекорно да се интегрира, што овозможува полесно, побрзо и поисплатливо да се создаваат производи и услуги кои се грижат за различен опсег на корисници. Во оваа статија истражуваме како Креативната вештачка интелигенција може да поттикне инклузивна иновација, од редефинирање на процесот на размислување за дизајнот до поттикнување персонализирани, достапни и културно релевантни решенија.

Глобалното финансирање од ризичен капитал (ВЦ) забележително се намали во 2023 -та година поради загриженоста на инвеститорите и намалувањето на вредностите на непрофитабилни стартапи и технолошки компании на берзите.

Квалитетот на здравствените услуги не е ист како квалитетот на другите производи и услуги кои ги добиваме.  Постои фундаментална разлика кога зборуваме за здравството, но нашето поистоветување со општиот поим за квалитет, носи големи недоразбирања кои посебно се истакнати во овој период кога се соочуваме со зголемен број на смртни случаи од коронавирус.

Квалитетот на здравствената услуга има две димензии. Првата димензија е  здравственото решение и терапијата.  Тука големо влијание има знаењето на докторот, искуството на тимот и постоењето на добри лаборатории и уреди.  Втората димензија е здравствената нега, дали пациентот е згрижен во удобна и чиста соба, дали има брза достапност до медицински сестри и болничари, дали има добра исхрана.  Во случајот на коронавирус, се уште се учи за болеста и квалитетот на здравственото решение е низок. Оттука, квалитетот на здравствената нега има поголемо влијание врз резултатот. Тоа значи дека во заситени здравствени капацитети со кои се соочува Македонија во моментот, секој од нас може многу да им помогне на своите блиски кои се болни од коронавирус, зошто секој од нас може да даде подобра нега од таа која ја дава преоптоварениот персонал. Оттука, исклучително е важно да се развијат протоколи за давање на нега во домашни услови и протоколи со кои ќе се мерат наоди и ќе се комуницираат резултатите со матичните лекари - едноставни решенија за телемедицина.

Во прилог приказна како соодветна и добра нега во домашни услови успеала да спаси 81 годишен сериозно болен пациент кој бил отпуштен од болница бидејќи лекарите сметале дека нема да ја издржи болеста.  Сторијата е превземена од CNN.  

податоците на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD) покажуваат дека странските инвеститори ги повлекоа своите инвестиции од Европа во рекордно време во првата половина на 2020-та.

Странските инвеститори ги повлекоа инвестициите и заработката од Европа во рекордно време во првата половина на 2020-та година како реакција на пандемијата, притоа ревидирајќи ги долгорочните стратегии.  „Мултинационалните компании сѐуште се во фаза на одговор, не се во фаза на закрепнување и градење на отпорност.“ вели Џејмс Џан (James Zhan), директор на Инвестиции при Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој. „Главно, сѐ уште нема масовно реструктуирање на производните системи. Она што до сега го гледаме е стопирање на тековни проекти и разгледување на нови инвестициски проекти. Но, видовме и дека некои мултинационални компании ги донесоа погоните во своите земји или поблиску во регионот. Од таа причина странските инвестиции во некои земји драстично се намалија.“

На 25ти и 26ти септември 2020 година се оддржа вториот Балкански Форум во Солун, Грција.

Спречени поради моменталната состојба со Ковид-19, овој форум се оддржа онлајн. На истиот се промовираа потребните активности за воведување на бизнис иновациите, кои се клучен предуслов за економски развој и промоција на стабилно и сигурно претприемништво на Балканот.

Центарот за управување со знаење беше дел од овој форум, претставен од страна на неговиот директор - д-р. Андријана Богдановска Ѓ.

д-р.Богдановска говореше за постојната соработка во регионот во делот на истражувањето и развојот и ги опфати можните форми на идна соработка во областа во рамки на новата програма на Европската унија 2021-2027.