Неодамна (02.09.2020) и среде кризата Ковид-19 излезе13-то издание на Глобалниот индекс на иновации (ГИИ). Извештајот укажува дека земајќи ја предвид моменталната економска состојба и фактот дека вложувањата се намалуваат низ Северна Америка, Азија и Европа, иновациите се најдобриот начин за човештвото да се справи со економската блокада. Сепак, стапките на инвестиции се ниски, вклучително и директните странски инвестиции и се очекува тие да паднат уште повеќе во 2020 и 2021 година.
Европа останува втор најиновативен регион, веднаш по САД, бидејќи е домаќин на голем број иновативни економии. Шеснаесет од европските економии се во првите 25 иновативни земји, од кои седум се рангираат во првите 10. Седум од нив се искачија во рангот, од кои три се балкански држави: Бугарија (37 место со раст од 3 места во споредба со иминатата година), Хрватска (41-ва со пораст од 3 места) и Романија (46-та, со пораст за 4 места). Шест економии се рангирани под првите 50, со тоа што четири од нив ги зголемија своите рангови оваа година, од кои дури три се балкански земји: Србија (53-та), Северна Македонија (57-та) и Босна и Херцеговина (74-та).
Нашиот свет неодамна достигна висок интензитет на иновации на глобално ниво, правејќи го светот подобар за сите нас. Но, дали ова ќе продолжи или панемијата на коронавирусите ќе ги замрзне иновациите, финансиите и ќе го забави напредокот на човештвото?! Изданието на Глобалниот индекс на иновации во 2020 година, се осврнува на ова итно прашање и открива дека парите за финансирање на иновативни потфати пресушуваат. Влијанието на овој недостиг ќе биде нерамномерно, а ефектите повеќе ги чувствуваат младите претпријатија, истражувачките центри и старт-апите во економиите во развој кои и без ова се соочуваат со недостаток на финансирање за иновации.
Водачите на ЕУ се согласија на буџет од 80,9 милијарди евра за програмата за истражување и развој „Хоризонт Европа“, на петтиот ден од маратонскиот самит на кој се расправаше за долгорочниот буџет на ЕУ и пост-пандемискиот план за економско закрепнување. Конечната бројка е значително пониска од предлогот кој вклучуваше 94,4 милијарди евра, изнесен од Европската комисија во мај, бидејќи буџетот за програмата Истражување и Развој е намален неколку пати во текот на самитот.
Според најновите податоци на Европската Унија објавени на 22-ри јуни 2020, Швајцарија оваа година се закити со првото место како најиновативна европска економија. Северна Македонија и покрај тоа што од 2014-та година покажува континуиран раст на индексот (од 35.2 до 48.48) се уште е далеку позади европските, па дури и балканските просеци.
Според Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD), се очекува глобалните инвестиции и понатаму да се намалуваат во 2021-ва година, пред пополека да започнат да закрепнуваат во 2022-та година.
Глобалните текови на СДИ ќе се намалат за дури 40% оваа година од вкупните 1,54 милијарди американски долари во 2019. Падот може да резултира во инвестиции под 1 милијарда американски долари што ќе биде враќање на вредностите од 2005-та година.
Министерството за економија до Владата предложи Програма со која ке се субвенционира настани кои ќе се организираат во категоризирани угостителски објекти во државата. Мерката предвидува покривање на 50% од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант за организирање на обуки, семинари, конференции во домашни туристички капацитети од страна на сите, здруженија, компании како и институции кои планираат да организираат во рамките на своите активности.