Традиционалните модели за економски раст како Solow-Swan моделот, кои се базираат на технолошки напредок и труд како главен фактор, застарија во свет каде што трудот се замени со автоматизирани системи. После нив дојде моделот на Barro и Sala-i-Martin од 2000-та година па навака, бидејќи овозможува ендогена технолошка динамика и ја вклучува човековата продуктивност преку образованието, истражувањето и развојот (иновациите).
Во новите услови, каде што човечкиот труд е заменет со вештачка интелегенција и роботи, овие модели можат да се адаптираат преку замена на поимот "човечки капитал" со "машинска интелигенција". Со тоа, продуктивноста се потпира на автоматизирани системи кои самостојно генерираат технолошки напредок. Новиот модел на економски раст може да биде адаптиран Barro-Sala-i-Martin модел со машинска интелигенција, каде трудот се заменува со роботски капитал (R), а човечкиот капитал (H) се трансформира во машинска интелигенција (M). ВИ системите генерираат нови технологии, без потреба од човечки истражувачи.
Со тоа од економија заснована на човечки капитал и знаење за кои се сметаше дека ги има во изобилие, се трансформира повторно на економија базирана на ресурси за кои неможе да кажеме дека ги има во изобилие. Ретки минерали, метали, но пред се енергијата и финансикиот капитал за да се финансира трансформацијата стануваат пресудни.
Враќање на царините во САД во ваков контекст ќе го врати производството во САД, но нема да создаде некој импакт врз вработувањата бидејќи до 2040-та работата на човекот во секоја сфера целосно ќе биде заменета со технологијата. Но може да има позитивен ефект врз заштита на технологијата и да служи како средство за преговарање за да се добие повластен пристап до ресурси и енергија, но и да се канализираат парите на големите корпорации но и тие собрани со царините во натамошна инвестиција за омасовување на овие технологии.
Како во таков контекст човекот ќе биде платен?
САД и Маск веќе си играат со идејата за некој вид на оданочување. Маск вети дека ќе им даде 5000 долари ДОГЕ дивидента на сите домаќинства во САД од заштедените пари од администрацијата. Со тек на време ова може да порасне во данок за автоматизација на корпорациите и сл која ќе ја добиваат граѓаните на тие земји...Во секој случај ќе има многу креативни решенија на политики во овој дел.
Но што со земјите во развој и со Македонија поточно. Ние нема да можеме ниту многу да автоматизираме, ниту многу да произведуваме, од каде нашите граѓани би можеле да добијат дивидента. Но сега за сега имаме некои ресурси како што е на пример можноста да произведуваме енергија на различни начини. Ова се разбира доколку светот и регионот не се сврти целосно кон нуклеарната енергија. Тука се враќаме на идеја дека парите од произведената енергија во нашата земја треба да припаѓаат на сите граѓани.посебно ако можеме да го изведеме тоа во овој период, бидејќи и за една деценија може работите и во овој дел радикално да се променат.