Македонија е на осумдесетото место на светската листа на УНДП за човечки развoj. За разлика од минатата година, тоа е раст од две места, иако по нивото земјава и натаму останува последна меѓу соседите во категоријата “висок општествен развој“ на Балканот.  

Според извештајот на УНДП, Human Development Indices and Indicators пред нас се сите земји од регионот, вклучувајќи ги и Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Албанија кои ја престигнаа Македонија на листата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, изнесува 104.5. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19.2 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. Според главните индустриски групи, производството во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 15.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Капитални производи за 14.9 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, изнесува 105.0.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 106.1.

 Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (20.4%), Информации и комуникации (16.7%) и Преработувачка индустрија (14.7%).

 Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.3%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018, изнесува 24 203 денари.

 

Не сите претпријатија можат да се наречат Иноватори.

 

trgovska razmena

 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на     извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2018 година,     изнесува 169 098 440 илјади денари и бележи пораст од 13.4 % во однос на истиот   период од претходната година.

 Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни   2018 година, изнесува 225 60   248 илјади денари, што е за 10.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната   година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 56 561 808   илјади денари.

 Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 74.9%.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 107.0

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21.3 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (17.4 %) и Информации и комуникации (15.7 %). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (19.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.1 %) и Градежништво (3.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2018 изнесува 35 983 денари.