3-ти декември, 2015-та година, Алакала, Шпанија

Седум проектни партнери, предводени од страна на Универзитетот FHJ од Австрија, го оддржаа третиот проектен состанок на Еразмус плус проектот, М -трговија, на Универзитетот во Алкала (УА), Шпанија.  Со седиште во Алкала, мало место во близина Мадрид, УА е најстариот универзитет во Европа. Алакала исто така е позната во светот како родното место на познатиот шпански писател Servantes. 

CKM е партнер во проектот од македонска страна. 

Директорот на CKM ,Андријана Богдановска, учествуваше на проектниот состанокот.

На средбата , партнерите на проектот ги финализираа шестте нови модули за обука во областа на мобилната трговија. Сите проектни партнери работеа заедно во развојот на овие модули во текот на изминатата година. Содржината на обуката ги рефлектира резултатите од истражувањето (анкета и интервјуа) за потребите на малите и средни претпријатија,  кое се спроведе во сите седум земји од каде потекнуваат проектните партнери.

Секој проект партнер ќе ги одржи обуките во првата половина на 2016-та година.

Статијата е последен пат променета на 22.06.2016.