„Интегрирани програми за поддршка и раст на малите и средни претприемачи – Случај на Република Македонија” е името на проектот кој Др. Андријана Богдановска Ѓ. ќе го презентира на 2017 PEP Годишна конференција и состанок.

Стотици учесници, вклучувајќи истражувачи, практичари и екперти од различи држави и националности, ќе учестуваат на конференцијата каде ќе имаат можност да дискутираат за проблемите, предизвиците и можностите кои произлегуваат од развој и истражување, анализи на политки и советодавна работа. 

2017 PEP Годишната конференција ќе се оддржи од 8 до 14 јуни во Наироби, Кенија, каде ќе бидат организирани дополнителни работилнци, тренинзи, презентации на нови проекти и панел дискусии на кои ќе учествуваат сите присутни. Конференцијата е организирана со поддршка на Оделот за меѓународен развој на Велика Британија (DFID or UK Aid) и Канадската Влада преку Меѓународниот истражувачки центар за развој (IDRC). 

Тимот на Центарот го сочинуваат Др. Андријана Богдановска Ѓ., Јулија Пелева Стојковска (Истражувач), Др. Стојан Дебарлиев, Др. Марија Трпкова Несторовска, и Виктор Стојковски.