Од 12-ти до 14-ти септември, 2017 година, во Охрид ќе се оддржи иницијалниот состанок од проектот InnoPlatform, чиј носител е Центар за Управување со Знаење.

На овој состанок ќе присуствуваат сите проектни партнери каде ќе имаат можност да се запознаат меѓусебно, да ги презентираат нивните организации и ќе му овозможат на Центарот за Управување со Знаење како водечки партнер да го презентира проектниот план за исполнување на активностите кои следуваат.

InnoPlatform е двегодишен проект, финансиран од Интерег Програмата на Европската Унија за Балканско-Медистеранската област, спроведуван од 6 организации и институции од 5 земји на БМ област: Македонија, Кипар, Грција, Бугарија и Албанија.

InnoPlatform ќе работи во делот на зголемување на постоечкото знаење за иновации во бизнис моделите кое би се преточило во развој на алатки (InnoTools) и сервиси (InnoScoreard и InnoRegion), и воспоставување на инфраструктура на Центри за Извонредност во иновации, чија заедничка цел е подобрување на можностите, капацитетите и знаењето на МСП-ја во воведувањето на иновации и зголемување на конкурентноста.

Проектот е финансиран преку првиот повик на програмата на Европската Унија Interreg BalkanMed Programme 2014-2020.