Автор:  Ивана Иванова

CircularHRM или „Оддржлив (кружен) модел на управување со човечките ресурси“,  го истражува развојот на човечките ресурси според принципите на одржливата (кружна) економија како важен предуслов за создавање на конкурентна економија. Кружното управување со човечките ресурси може да резултира со трајни и одржливи вештини, за разлика од сегашниот линеарен модел на ангажирање, управување и на крај отпуштање од работа. Тоа има за цел да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од традиционален, линеарен модел на управување со човечките ресурси во оддржлив (кружен) модел.

Во рамки на овој проект, во април, мај и јуни 2020 година, беа спроведени 20 детални интервјуа на претпријатија кои работат на територија на Европска Унија и три македонски претпријатија – Nextsense, Горска вода и Гемак. Поради моменталната состојба со пандемијата Ковид-19, интервјуата беа спроведени онлајн. Преку теренското истражување добивме интересни информации за примената на кружниот модел на управување со човечките ресурси, додека секое од претпријатијата нѐ запозна со нивните практики кога станува збор за внатрешна/надворешна транзиција на вработениот, начини на дообразување на вработениот или употреба на веќе постоечките вештини во друга улога во претпријатиетo. А секако, не беа изоставени и начините на кои тие се справуваат со рестрикциите поставени од пандемијата.

Она што овие интерјвуа ни дадоа до знаење, е постепеното внесување на оддржливиот (кружниот) модел на управување со човечките ресурси во современите претпријатија. Сепак, ова е само почетокот, а овој пат е долг. Во оддржливата економија, потребно е работниците да развијат долгорочно и интердисциплинарно размислување, додека креативноста, свеста и проактивноста стануваат од суштинско значење за човечките ресурси на иднината.

Анализата и комплетното истражување ќе бидат публикувани на почетокот во декември 2020 година. Останете со нас!