Центарот за управување со знаење (ЦКМ) доби средства во рамките на Еразмус + програмата КА104 (2020) за проектот „Развој на капацитети за Хоризонт Европа“ - HorizonReady (Подготвени за Хоризонт). Подготвени за Хоризонт има за цел да ги зајакне капацитетите на организацијата и на земјата за искористување на можностите од новата програма Хоризонт Европа (2021-2027).  

Во согласност со својата организациска визија, Центарот планира да се фокусира на поддршка на технолошки и иновативни мали и средни претпријатија во следните пет години. Поддржан од Националниот фонд за иновации, нивниот број значително се зголеми во изминатиот период (повеќе од 300). Фокусот на поддршката ќе биде ставен на помагање да го зголемат своето влијание преку информирање, едукација и поддршка за изнаоѓање на стратешки партнери и средства преку новата програма Хоризонт Европа.

Хоризонт Европа е наследник на програмата Хоризонт 2020. Сепак, капацитетите во Северна Македонија да се искористат овие можности се ограничени. Неколку организации успеаа да влезат во програмата Хоризонт 2020 во претходните седум години, и практично нема организации, ниту други капацитети во земјата за успешно да го поддржат овој процес. Како резултат на истото клучните потреби и цели на ЦКМ во областа на европската мобилност и соработка во следните 5 години се насочени кон зајакнување на капацитетите за поддршка на технолошки и иновативни старт-ап компании и МСП-ја во Северна Македонија преку развој на соодветни програми за менторство и поддршка и зголемување на мрежите и соработка со слични партнери од земјите на ЕУ; зголемување на знаењето за новата програма Хоризонт Европа; и градење на мрежа со организации и истражувачки центри од земјите-членки на ЕУ кои имаат искуство, капацитет и знаење за спроведување на проекти на Хоризонт Европа.

Проектот Подготвени за Хоризонт ќе ја поддржи реализацијата на овие цели преку специфични активности за мобилност. Структурната обука на вработените директно ги зајакнува капацитетите на Центарот за поддршка на технолошки стартап компании и претпријатија водени од иновации во Северна Македонија преку зајакнување на знаењето на организацијата и вработените и зголемување на мрежата и соработка со слични партнери од земјите на ЕУ.  Проектот ќе го зајакне знаењето на ЦКМ за новата програма Хоризонт Европа и ќе овозможи градење на мрежи со организации и истражувачки центри од земјите-членки на ЕУ кои имаат искуство, капацитет и знаење за спроведување на проекти на Хоризонт, што и овозможува на организацијата значително да ги зголеми своите шанси за имплементација на проекти во оваа програма,  но и да даде поддршка на други претпријатија и организации од Северна Македонија во истото.