Не застануваме! Денес ја имавме третата сесија на Програмата за обука WECAN.

Третата сесија на WECAN која се одвиваше на 14-ти април беше фокусирана на деловни разговори со надворешни експерти, споделување на искуство и знаење и зголемување на можностите за вмрежување.


Сесијата ја отвори г-ѓа Ирена Јакимова, (inspirit.mk) надворешен експерт од Северна Македонија, која зборуваше за нејзиното искуство како жена-претприемач, подемот на нејзиното претпријатие низ нејзиниот комплексен пат каде се соочила со разни предизвици и конечно ја пронашла својата животна страст- да го следи растот и развојот на луѓето и да инвестира во нивното знаење.


Вториот говорник, г-ѓа Карина Ван Селинг зборуваше за нејзиниот кариерен развој во областа на дигиталниот маркетинг и постепениот раст на нејзината работилница noplasticplease.nl. Оваа онлајн продавница вклучува разни нешта потребни во секојдневниот живот како супституција на пластика, кои истовремено имаат позитивно влијание врз животната средина.


На овие деловни и животни приказни, г-ѓа Флавија Соса се приклучи со својот мотивациски говор за подемот на нејзиното претпријатие од аспект на деловната интелигенција, кое го основала уште кога уште била шпански нелегален имигрант. Таа ја истакна важноста на самодовербата, слушањето на сопствениот инстинкт и пренесувањето на страста при продажба на производи и достигнување клиенти како искуства со кои се стекнала во текот на својот животен и емотивен циклус.


Во склоп на разговорите со надворешни гости продолжи со г-ѓа Кармен Реновел од Валенсија, која е дел од претпријатието CEEL Валенсија, кое ги поддржува новите почетни деловни активности, особено оние во кои е присутна иновативната и технолошката компонента. Таа ги запозна партиципантите со применливи методологии и совети за секоја фаза од претприемачкиот процес и зборуваше за сите корисни алатки за реализација на деловна идеја, како што се размислување за дизајн, валидирање, експериментирање и сл. Таа исто така ги сподели ограничувањата, предизвиците и бариерите од родова и возрасна перспектива со кои се соочуваат жените при влегување во претприемничкиот свет.


Приказните предизвикаа интригантна дискусија меѓу учесниците за тоа како овие специфичните искуства кои беа споделени со нив се поврзани со нивниот личен раст и развој.