Центарот за управување со знаење ве поканува да се пријавите на ПОПРИ МЛАДИНСКИ НАТПРЕВАР 2024 та година.  Младите студенти кои доаѓаат од 10 земји ќе се сретнат на натпреварот и ќе ги претстават своите НАЈДОБРИ национални ПРЕТПРИЕМНИЧКИ ИДЕИ.
 
EUSAIR POPRI youth 2024 е организиран од Приморски технолошки парк, Словенија, заедно со Загребскиот Центар за Иниовации (Хрватска), во тесна соработка со други технолошки паркови, инкубатори и училишта од земјите на EUSAIR, вклучително и ЦКМ – Центар за управување со знаење (Северна Македонија)
 
Подобни кандидати се млади студенти кои се натпреваруваат во две различни категории:

ПРВА КАТЕГОРИЈА - Средношколци или млади луѓе на возраст меѓу 14 и 18 години
 
ВТОРА КАТЕГОРИЈА - Универзитетски студенти или млади луѓе на возраст од 18 и до 29 години 
 
УСЛОВИ
  • ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
  • Учесниците не треба да имаат воспоставен бизнис за претприемачката идеја со која се натпреваруваат.
  • Учесниците треба да се државјани на една од 10-те јадранско-јонски земји, имено Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија, Сан Марино, Србија и Словенија; Конкурсот е отворен и за постојани жители на земјите споменати погоре.
 
Ако имате претприемачка идеја и тим кој работи и сака да продолжи да работи на истата, ве молам контактирајте ја Андријана Богдановска со цел да ви испратиме дополнителни документи и апликација. 
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Идеи кои победиле на други натпревари се добредојдени. 


Рокот за изразување на интерес е до 10.04.2024

Најдобрите идеи ќе добијат натамошно менторство од тимот на Центарот за управување со знаење со цел истите да го достигнат квалитетот кој се очекува на овој натпревар. 

СИТЕ ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО НАТПРЕВАРОТ ВО ШИБЕНИК СЕ ПОКРИВААТ ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗНАЕЊЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕДЕН МЕНТОР КОЈ ЌЕ ГО ПРИДРУЖУВА СРЕДНОШКОЛСКИОТ ТИМ.
 
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!