КЛИКНИ БЕЗБЕДНО
Повик за пријавување на идеи за натпреварот „Кликни Безбедно!“
Дали си креативен, ангажиран и подготвен да направиш позитивна промена во дигиталниот свет? Вклучи се во националниот креативен натпревар „Кликни Безбедно!“, кој ќе се одржи на 10 и 11 мај 2025 година во Скопје, во рамки на проектот МКSafeNet.
💡 Што е „Кликни Безбедно!“?
Станува збор за дводневен натпревар/хакатон, каде средношколци (на возраст од 16 години нагоре) од сите јавни и приватни училишта низ државата ќе имаат можност да развијат креативни, дигитални и едукативни материјали и/или софтверски алатки и решенија за безбедно и одговорно користење на интернетот. Материјалите ќе бидат наменети за нивните врсници, но и за наставници, родители и пошироката јавност.
Тимовите може да бидат составени од 2 до 4 члена, со можност за поддршка од ментор – наставник.
Решенијата можат да бидат во форма на видеа, анимации, интерактивни игри, инфографици, софтверски алатки и решенија, или други иновативни форми кои ќе помогнат во подигнување на дигиталната свест и заштита на децата и младите на интернет.
💡 Предлог содржини
👉 Во продолжение се дадени неколку насоки кои можат да помогнат при развојот на идеи за натпреварот:
- Развивање на едукативни алатки за дигитална безбедност Интерактивни дигитални решенија кои ја подигнуваат свеста за ризиците на интернет и ги учат добрите практики за безбедно користење на интернет.
- Поддршка на дигитална писменост „peer-to-peer“ Решенија кои ќе ги поттикнат младите да си помагаат и да се едуцираат меѓусебно за безбедно и одговорно однесување на интернет.
- Борба против дезинформации и дигитална манипулација Решенија/Идеи за откривање, критичко размислување и подигање на свеста за лажни или штетни содржини на интернет
- Промовирање на здрави и врамнотежени дигитални навики. Работете на идеи кои им помагаат на целните групи да развијат внимателен и позитивен однос со технологијата и онлајн светот
- Подобрување на соработката помеѓу учениците, наставниците и родителите. Развијте концепти кои ја зајакнуваат соработката и комуникацијата околу безбедноста на интернет помеѓу училиштата, семејствата и младите луѓе.
🔧 Некои насоки како може да го реализирате тоа:
- Интерактивни дигитални содржини. Креирајте интерактивен дигитален материјал како што се: видео, квиз, анимација, симулација, онлине едукативна игра, дигитален водич, и слични формати на материјали.
- Користење на вештачка интелигенција. Истражете како вештачката интелигенција може да помогне да се подобри безбедноста на дигиталните интеракции и да се заштитат корисниците од штетно однесување.
- Паметни системи за побезбедни онлајн средини. Дизајнирајте софтвер или алатки кои помагаат да се создадат побезбедни дигитални простори во училиштата и заедниците.
- Листата не е исклучива!
📌 ВАЖНИ ДАТУМИ
- Краен рок за пријавување: 27 април 2025
- Објава на резултатите: 2 мај 2025
- Натпреварот се одржува: 10–11 мај 2025 во Скопје. Точната локација ќе биде дополнително објавени.
ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ И ПОДДРШКА
На 16 април 2025 година, се одржаа две инфо-сесии за учесниците и менторите. Сесиите се фокусираа на:
- подигање на свеста за онлајн ризици,
- препознавање и справување со дигитални закани,
- развој на креативни идеи за побезбедна дигитална средина.
Презентациите од сесиите се достапни на следниот ЛИНК
ПРИЈАВУВАЊЕ
Како да се пријавиш?
Сите заинтересирани тимови можат да ја поднесат својата апликација преку следниот линк - ФОРМА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
За повеќе информации контактирајте не на:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ЗА ПРОЕКТОТ MKSAFENET
Проектот MKSAFENET го спроведува Министерството за дигитална трансформација (МДТ) и проектните партнери или Конзорциум. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на Република Северна Македонија.
Заедно можеме да создадеме подобра и побезбедна дигитална иднина!
Вклучи се – Кликни Безбедно!
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Сите прашања кои беа поставени за време и по информативните сесии ќе бидат поставени тука...
Тимовите може да бидат составени од 2 до 4 члена, со можност за поддршка од ментор – наставник..
Тимовите може да бидат составени од членови од различни училишта. Учество е дозволено и за ученици кои не присуствувале на инфо-сесијата, сè додека ги исполнуваат условите (возраст и број на членови во тимот). Но секој член на тимот кој не потполнил претходно индивидуална форма за изразување на интерес, треба да ја пополни.
📍 Линк до индивидуалната форма: https://forms.gle/LGEUxNGrZ9AREaEr5
Тимовите може да бидат поддржани од Ментор/Наставник. Како ментор може да се јави наставник, педагог или друг стручен соработник вработен во училиштето од каде доаѓа тимот.
Не е задолжително менторот да биде од областа на информатиката. Бидејќи натпреварот е едукативен, секој наставник или педагог е соодветен ментор – тие ќе помогнат во насочување на тимот и валоризација на содржината.
Краен рок за пријавување: 27 април 2025
Настанот ќе трае најмногу два дена - 10ти и 11ти мај 2025 година во Скопје
Сите трошоци за учество на настанот за селектираните тимови ќе бидат покриени од организаторите
Сите трошоци за учество на настанот за селектираните тимови ќе бидат покриени од организаторите