Шестото издание на меѓународниот натпревар POPRI EUSAIR Youth 2026 успешно заврши во Скопје, собирајќи млади претприемачи од 10 земји од Јадранско-Јонскиот регион. Натпреварот беше организиран од Приморскиот технолошки парк во партнерство со Центарот за управување со знаење (ЦКМ) од Скопје, во рамки на 11-тиот EUSAIR Форум.

Програмата, добитник на Европската награда за промоција на претпријатијата (EEPA) 2025 во категоријата „Поддршка на интернационализацијата на бизнисот“, продолжува да ги поттикнува младите да развиваат иновативни и одржливи бизнис-идеи кои придонесуваат за економски и општествен развој.

Победници

Категорија средношколци

🥇 Reevo (Словенија) – паметен систем за безбедност на камп-возила.

🥈 EconomySwitch (Србија) – едукативна платформа за финансиска писменост и циркуларна економија.

🥉 Fleeve (Италија) – модуларно шише за секојдневна употреба.

 

Категорија студенти

🥇 SILA (Србија) – SaaS решение за препознавање на VIP клиенти во луксузна малопродажба.

🥈 SeaSense (Црна Гора) – AI решение за следење на загадувањето на крајбрежните подрачја.

🥉 Nitrio (Словенија) – платформа за нутриционистичка поддршка во спортски и тренинг центри.

 

Прво- и второпласираните тимови ќе учествуваат на студиска посета на Брисел во јули 2026 година, додека третопласираните тимови ќе бидат гости на настан во Изола, Словенија, во септември 2026 година.

„Претприемачкиот дух и креативноста што ги покажаа младите учесници се доказ дека тие се двигатели на позитивни промени во регионот“, изјави Тања Кожух, извршен директор на Приморскиот технолошки парк.

Центарот за управување со знаење (ЦКМ) од Скопје е организација посветена на развој на претприемништвото, иновациите, младинските политики и меѓународната соработка, активно поддржувајќи ги младите во развојот на нивните идеи и компетенции.

www.knowledge-center.org