Иновативна платформа и алатки наменети за зголемување на капацитетот за иновации на МСП-ја во Балканско Медитеранската област 

Проектот Иноплатформа има за цел да ја подобри конкурентноста на Балканско Медитеранската област преку зголемување на постоечкото знаење за иновации во бизнис моделите кое би се преточило во развој на алатки (InnoTools) и сервиси (InnoScoreard и InnoRegion) за подобрување на можностите, капацитетите и знаењето на МСП-ја во воведувањето на иновативни производи и процеси. 

Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претпремништво

Проектот има за цел промовирање на територијалниот развој, соработка и поддршка на конкурентноста во Балканско-медитеранската област преку развивање, воспоставување и промовирање на модел за претприемачко учење и трансфер на знаење (Идеи, Пронајдоци, Иновации - И3) за едукација на студенти и претприемачи.