Потребата за давање на дигитални услуги на граѓаните од страна на државната и јавната администрација се зголеми со почетокот на Пандемијата Ковид-19. Имајќи ги предви сегашните потреби, но и визијата за развој на е-владините услуги во иднина, Центарот за управување со знаење спроведе истражување за јазот во вештините на вработените од различни државни сектори во Северна Македонија. 

Проектот е финансиски поддржан од програмата  Цивика мобилитас.

Истражувањето се заснова врз методологија подготвена од страна на консултантската куќа Мек Кинси за потребите на Европската Унија. Методологијата овозможува резултатите да ги идентификуваат потребите, но и да се споредат со тие од Европската Унија. 

Според методологијата, истражувањето опфати три сета на вештини: општи вештини, дигитално граѓанство, и технички вештини, како и препораките за владини мерки и програми чија крајна цел е зголемување на одговорноста, отчетноста и услугите на државната и јавна администрација преку надминување на сегашниот јаз во овие вештини кај вработените во јавната и државната адинистрација.

Истражувањето можете да го превземете на следниот ЛИНК