Подготвил: Ивана Иванова

Во последните неколку дена, целиот свет се соочува со закана по човечкиот вид. Соочувањето со оваа здравствена криза бара голема свест кај сите за нејзината сериозност. Новиот корона вирус со себе донесе недостаток на материјали, особено медицински, па поради тоа се појави широк спектар на иницијативи низ целиот свет со цел да се одговори на овие предизвици. Заедницата за 3D печатење е во центарот на истите. Потребните предмети можат да бидат дизајнирани преку 3D печатење, и можат да помогнат полесно да се соочиме со оваа криза. Употребувајќи 3D принтер и користејќи STL датотека, може да се произведат повеќе од потребните добра. 

 Земајќи го предвид фактот дека во овој момент има недостаток на залихите на маски, но властите инсистираат тие да се користат, вклучително и фактот дека овие маски имаат краток животен век, се појавува проблем во користењето на истите. Со овие конвенционални маски, на крајот на денот остануваме со материјал заразен со бактерии, што пак не изложува на опасните микроби на овој вирус. За да помогне во справувањето со оваа епидемиија, Copper3D ги искористи своите 3D вештини за да ја креира NanoHack маската. Оваа маска е антивирусна, се пере, може повторно да се користи, е рециклирачка и достапна за сите. Оваа чилеанска компанија ја објави STL датотеката за оваа маска, со инструкции како да се испринта и да се состави. Таа користи бакар за да ги филтрира штетните токсини и микроби од воздухот. Ко-основачот Даниел Мартинез изјавил дека за да се испринта една маска, потребни се околку 2 часа.

„Како компанија, ние имаме многу практичен пристап. Ние бараме големи предизвици за да ги решиме, а воедно анализираме кои микс, помеѓу технологија и дизајн, може да не доведе до ефикасно и ново решение на тој проблем. Имаме голем сојузник на наша страна, а тоа е антимикробно 3D принтање, со оваа технологија и паметни дизајни многу проблеми можат да бидат решени […] Се ова се многу интензивни работни јамки бидејќи многу од овие проблеми се навистина итни, како што е во случајот со COVID-19 епидемијата“ изјавил ко-основачот Даниел Мартинез.

Најголемата предност на овој продукт е можноста за масовно производство низ целиот свет, за само неколку часа. Ова, веројатно и првиот случај на масовно принтање на еден ист предмет, е еден од неколку 3D испринтани предмети кои можат да помогнат во  спречувањето на се поголема смртност во борбата со епидемијата.

Неколку други 3D компании исто така развиваат 3D предмети кои ќе помогнат. Иако производството на истите не е исто како она кај фабриките, останува фактот дека ова е извонредна идеа на модерното време која ја рефлектира способноста на луѓето да се обединат и борат заедно во време на потреба.

 Линк до STL документот со кој може да ја отпечатите NanoHack маската: https://copper3d.com/hack