Центарот за управување со знаење на  19.12.2022 во просториите на Netavile во рамки на проектот „Спремни за Хоризонт“ ќе одржи кратка инфо сесија чија цел е да ги информира малите и средни претпријатија, организациите,универзитетите и институтите за претстојните повици на програмата Хоризонт Европа.

На настанот ќе презентира др. Андријана Богдановска Ѓ.

Хоризонт Европа претставува една од клучните програми на Европската унија за финансирање на истражувања  и иновации. Дел од клучните елементи на оваа програма ги вклучуваат климатските промени, конкурентноста и растот на ЕУ, како и  остварување на целите за одржлив развој.

Доколку сте заинтересирани за оваа инфо сесија можете да најдете повеќе информации и да аплицирате на подолу приложениот линк: https://forms.gle/aCdM2Gu17svSXiDf9