Автор: Стефанија Стефаноска

Во рамките на проектот „YES C+C –Зајакнување на креативноста, културните и иновациските вештини за возрасни“ од страна на Центарот за управување со знаење беа одржани пилот обуки од 25.10.2022 до 18.10.2022 на кои учествуваа 35 учесници.

За спроведувањето на на обуките се погрижија менторите на Центарот за управување со знаење:
Андријана Богдановска Ѓ., Благица Поповска, Викторија Митрикеска, Фросина Ѓуревска и Стефанија Стефаноска.

На пилот обуките,учесниците детално се запознаа со 8-те модули на обуката, а тоа се:

Модул 1: Вовед во креативни индустрии и култура
Модул 2: Дигитализација и технолошки иновации
Модул 3: Направете го вашиот креативен и културен проект „зелен“
Модул 4: Културно и креативно претприемништво
Модул 5: Хоризонтални приоритети на креативен проект
Модул 6: Финансирање на креативен и културен проект
Модул 7: Градење на креативен проект како бренд
Модул 8: Општествената вредност на креативен проект.

Во исто време на самата обука беа презентирани инструкции за начинот на кој што може да се користи веќе изготвената и достапната платформа истата има за цел да го олесни пристапот до знаење во сферата на културните, иновациски и крееативнитевештнинавозрасните ученици.
Евидентен беше изразениот интерес за вклучување во самите пилотобуки, стекнувањето дополнителни знаење и развој на сопствените капацитете од страна на учениците.

Можете да ја погледнете споменатата платформа на овој линк: https://lp.yescplusc.eu/my/