Запознајте ги Мите, Никита, Борис и Даниел – ученици од СОУ “Гошо Викентиев“ – Кочани, кои под менторство на професорот Ненад го создадоа КликЧувар – напредна веб-алатка со цел да ги заштити корисниците од сомнителни и потенцијално опасни линкови.

Со ова иновативно решение, тие го освоија второто место на МКСАФЕНЕТ Хакатонот, каде што нивниот труд, знаење и тимска работа беа препознаени и наградени. Во ова интервју ќе ни разкажат накратко за КликЧувар и за неговата функционалност и потенцијалот да влијае врз безбедноста на децата и младите при користење на интернетот.

1. Што претставува КликЧувар и како дојдовте до идејата?

Нашето решение е едноставна и корисна веб-апликација што овозможува секој лесно да провери дали некој линк е безбеден или опасен. Корисникот само го внесува линкот, а апликацијата веднаш дава јасен одговор и препорака што да направи. Дизајнот е интуитивен и разбирлив за сите возрасти, а покрај проверката, нуди и корисни совети за безбедно користење на интернет. Со оваа алатка, секој може да се заштити од фишинг, вируси и други онлајн закани. Нашата цел е интернетот да биде побезбедно место за сите!

2. Како сметате дека оваа алатка може да помогне во секојдневниот живот?

Преку нашето решение, целата заедница станува поотпорна на дигитални закани, се намалува бројот на жртви на онлајн измами и се поттикнува култура на безбедно користење на интернетот. Брзата и лесна проверка на линкови е алатка што е корисна и применлива за сите, секојдневно. Дополнително, ваквиот пристап ја зголемува свесноста кај граѓаните (посебно младите и децата) за потенцијалните ризици и ги охрабрува да преземат активна улога во сопствената дигитална безбедност.

3. Имате ли планови за проширување или унапредување на КликЧувар?

Првенствено нешто што би сакале и на што би се насочиле е нашиот сајт да има понапреден ChatBox. Тоа би овозможило подобра и поефикасна комуникација со корисниците, обезбедувајќи им брзи и релевантни одговори на нивните прашања во реално време. Со интеграција на понапредни функционалности како автоматско препознавање на проблеми, насочување кон соодветна помош, и персонализирани препораки, ChatBox-от би станал вреден алат за поддршка и заштита од дигитални закани. Дополнително, со можност за двонасочна комуникација и следење на историја на разговори, корисничкото искуство значително би се подобрило, а довербата кон платформата би се зацврстила. Надградувањето со оваа технологија е логичен следен чекор кон создавање на целосно безбедна и интерактивна онлајн веб алатка. За да ја видите нашата алатка кликнете на: https://clickifymk.netlify.app/

4. Што научивте од учеството на хакатонот и што би им порачале на вашите врсници?

Интернетот, нам младите, ни нуди безброј можности за учење, дружење и забава, но само ако внимателно го користиме и ги почитуваме правилата за безбедност. Со малку повеќе внимание и со користење на алатки и совети за заштита, можеме сите заедно да создадеме побезбедна и попријатна дигитална средина.

Натпреварот за нас беше одлично искуство – многу научивме, се дружевме и уживавме во нашата задача и работа. Доколку има ваков или сличен настан и следната година, сигурно повторно ќе се пријавиме и со уште поголем ентузијазам ќе учествуваме!

Благодарност до сите кои дадоа придонес на овој хакатон.

Бидете поздравени.

Тимот на CyberForge.

Секој клик е важен – кликни безбедно!

Апликацијата од септември ќе биде достапна на ресурсната база на MKSafeNet

 

Screenshot 49