Тимот Risonic, составен од учениците Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани ќе ја претставува Република Северна Македонија на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон, кој ќе се одржи на 16 и 17 октомври 2025 година во Нова Горица, Словенија.
Тимот Risonic,од Кочани, го освои второто место на престижниот регионален натпревар POPRI EUSAIR 2025, поддржан од Центарот за управување со знаење (ЦКМ), ќе ја претставува Република Северна Македонија на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон, кој ќе се одржи на 16 и 17 октомври 2025 година во Нова Горица, Словенија.
Овој иновативен натпревар обединува млади иноватори, програмери, истражувачи, претприемачи и визионери од различни европски земји, кои ќе работат заедно на една од најиновативните теми на денешницата: трансформацијата на урбаните енергетски системи. Целта на хакатонот е да се развијат иновативни и практични решенија за постигнување на згради со нула емисии, како и за создавање на попаметни, поодржливи и еколошки градови.
Претставниците на тимот Risonic, Миа и Велинчо, ќе ја претставуваат Северна Македонија со своето решение, кое нуди иновативен пристап кон енергетската ефикасност и одржливиот развој. Учеството на хакатонот претставува значаен чекор за младите иноватори од Кочани и е пример за мотивација во образованието и негување на претприемачкиот дух во средните училишта во земјата.
Хакатонот се организира во рамки на иницијативите за паметни градови и енергетска транзиција, со поддршка од повеќе европски институции и организации.
Им посакуваме многу успех на Миа и Велинчо, и сме сигурни дека ќе ја претстават нашата земја достоинствено и со иновативен дух.