Центарот за управување со знаење (ЦКМ) го споделува повикот за изразување на интерес за учество на студентскиот хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“, настан кој има за цел да ја поттикне креативноста, иновативноста и општествената одговорност кај студентите во областа на дигиталната безбедност.
ЦЕЛ 
„MKSafeNet Innovators 2025“ има за цел да поттикне развој на иновативни решенија кои ќе придонесат кон:
- заштита на приватноста и дигиталните права на младите (од млади за млади),
- справување со онлајн злоупотреби, дезинформации и сајбер-насилство,
- промовирање на безбедно и етичко користење на технологијата,
- јакнење на дигиталната писменост кај младите и пошироката заедница.
Преку овој натпревар, Центарот за управување со знаење (ЦКМ), заедно со проектните партнери од Конзорциумот, создава простор за соработка меѓу студентите, академската заедница и институциите кои работат во полето на дигиталната безбедност и иновациите.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересирани студенти треба да ја пополнат онлајн пријавата на следниот линк:
https://forms.gle/w4Fnm4KJWVTPBM6x5
Најдобрите тимови ќе добијат менторска поддршка, можност за доработка и имплементација на решението, што ќе помогнe нивните идеи да станат реалност.
ВАЖНИ ДАТУМИ
Настанот ќе се одржи на 13 и 14 декември 2025 година, паралелно на три локации:
- Скопје – Воена Академија "Генерал Михаило Апостолски" (МАГМА), СКОПЈE
- Битола – "Факултет за информатички и комуникациски технологии" (ФИКТ) Битола, УКЛО-БИТОЛА
- Тетово – Универзитет на Југоисточна Европа (СЕЕУ), ТЕТОВО
На настанот може да учествуваат сите студенти од јавни и приватни високообразовни институции во Северна Македонија, без разлика на факултетот или насоката на студии. Потребна е само желба за тимска работа, креативно размислување и интерес за технологија и дигитална безбедност.
Рок за пријавување: 9 ноември (недела) 2025 година
 ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ
Сите регистрирани учесници ќе бидат поканети на онлајн инфо-сесии што ќе се одржат на 10 и 11 ноември 2025 година, на кои ќе бидат објаснети темите, условите и натамошните чекори за учество на настанот.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
За повеќе информации, обратете се на:
✉️ Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
✉️ Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
✉️ Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ЗА ПРОЕКТОТ MKSafeNet
Проектот MKSafeNet го спроведува Министерството за дигитална трансформација (МДТ) заедно со проектните партнери од Конзорциумот.  Проектот е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на Република Северна Македонија. 
Заедно можеме да создадеме подобра и побезбедна дигитална иднина!
 Македонски
										Македонски				 English (UK)
									English (UK)				 
	                    	                 
 