Националниот хакатон MKSAFENET Innovators 2025!“ е во полн ек.

Центарот за управување со знаење, како дел од Проектот МКSafeNet / Центар за побезбеден интернет, и координатор на настанот, со задоволство ја следи завршната фаза на овој интересен настан.

Хакатонот започна вчера, 13-ти декември , и завршува денес, 14-ти декември 2025 година, со презентации и избор на најдобрите решенија на дигитални, креативни и едукативни материјали и/или софтверски алатки и решенија за безбедно и одговорно користење на интернетот – НАПРАВЕНИ ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ.

Оваа година, „MKSAFENET Innovators 2025!“ се одржува истовремено на три клучни универзитетски локации, што овозможи широка вклученост на експерти и ентузијасти:

  1. Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ (МАГМА), Скопје
  2. Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), Битола (УКЛО)
  3. Универзитет на Југоисточна Европа (СЕЕУ), Тетово

Вчерашниот ден беше посветен на интензивна идеација, развој на идејата и прототипирање, при што тимовите добија стручна поддршка од ментори. Денешниот ден е клучен, бидејќи учесниците работат на финализација на своите решенија и подготовка на презентации.

Се очекува возбудлив финиш! Попладнево ќе се одржи јавно Презентирање на решенијата пред Судиите и публиката, а настанот ќе заврши со Оценување и избор на победници и доделување награди и сертификати.

Учеството во организацијата на овој настан ја нагласува мисијата на Центарот за управување со знаење за поддршка на иновациите, едукацијата и развојот на клучни вештини во областа на дигиталната безбедност во земјата.

МКSafeNet е проект кофинансиран од Европската комисија, насочен кон создавање безбедна дигитална средина за децата и младите.  Дел од нашата мисија е подигнување на свеста за опасностите во дигиталната средина, подобрување на ресурсите за заштита на децата и младите и обезбедување поддршка и едукација за сите засегнати страни, вклучувајќи родители, едукатори и заедницата во целина.