MKSafeNet Inovators 2025!
Повик за пријавување на идеи за натпреварот „MKSafeNet Inovators 2025!“
Дали си креативен, ангажиран и подготвен да направиш позитивна промена во дигиталниот свет? Вклучи се во националниот креативен натпревар „MKSafeNet Inovators 2025!“, кој ќе се одржи на 13ти и 14ти декември 2025 година во Скопје, во рамки на проектот МКSafeNet.
Станува збор за дводневен натпревар/хакатон, каде студенти од сите јавни и приватни високообразовни институции од државата ќе имаат можност да развијат креативни, дигитални и едукативни материјали и/или софтверски алатки и решенија за безбедно и одговорно користење на интернетот. Материјалите ќе бидат наменети за нивните врсници, помладите генерации, но и за наставници, родители и пошироката јавност.
👉 Сите заинтересирани тимови можат да ја поднесат својата апликација преку следниот линк - ФОРМА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Тимовите можат да бидат составени од 2 до 4 члена.
Сите учесници ќе добијат квалитени ранци за лаптопи, маички, промотивни материјали, додека победниците на секоја локација ќе добијат дополнителни награди.
Решенијата можат да бидат во форма на видеа, анимации, интерактивни игри, инфографици, софтверски алатки и решенија, или други иновативни форми кои ќе помогнат во подигнување на дигиталната свест и заштита на децата и младите на интернет.
👉 Во продолжение се дадени неколку насоки кои можат да помогнат при развојот на идеи за натпреварот:
- Развивање на едукативни алатки за дигитална безбедност Интерактивни дигитални решенија кои ја подигнуваат свеста за ризиците на интернет и ги учат добрите практики за безбедно користење на интернет.
- Поддршка на дигитална писменост „peer-to-peer“ Решенија кои ќе ги поттикнат младите да си помагаат и да се едуцираат меѓусебно за безбедно и одговорно однесување на интернет.
- Борба против дезинформации и дигитална манипулација Решенија/Идеи за откривање, критичко размислување и подигање на свеста за лажни или штетни содржини на интернет
- Промовирање на здрави и врамнотежени дигитални навики. Идеи кои им помагаат на целните групи да развијат внимателен и позитивен однос со технологијата и онлајн светот
- Подобрување на соработката помеѓу учениците, наставниците и родителите. Концепти кои ја зајакнуваат соработката и комуникацијата околу безбедноста на интернет помеѓу училиштата, семејствата и младите луѓе.
🔧 Некои насоки како може да го реализирате тоа:
- Интерактивни дигитални содржини. Креирајте интерактивен дигитален материјал како што се: видео, квиз, анимација, симулација, онлине едукативна игра, дигитален водич, и слични формати на материјали.
- Користење на вештачка интелигенција. Истражете како вештачката интелигенција може да помогне да се подобри безбедноста на дигиталните интеракции и да се заштитат корисниците од штетно однесување.
- Паметни системи за побезбедни онлајн средини. Дизајнирајте софтвер или алатки кои помагаат да се создадат побезбедни дигитални простори во училиштата и заедниците.
- Листата не е исклучива!
📌 ВАЖНИ ДАТУМИ
- Краен рок за пријавување: 28 ми ноeмври 2025
- Објава на резултатите: 3ти декември 2025
- Натпреварот се одржува: 13 ти и 14 ти декември 2025 во Скопје, Битола и тетово. Точните локации ќе бидат дополнително објавени.
На 17ти и на 18ти декември 2025 година, се одржаа две инфо-сесии за учесниците и менторите. 👉 Презентацијата од сесиите се достапни на следниот ЛИНК
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
За повеќе информации контактирајте не на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ЗА ПРОЕКТОТ MKSAFENET
Проектот MKSAFENET го спроведува Министерството за дигитална трансформација (МДТ) и проектните партнери или Конзорциум. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и Националните фондови на Република Северна Македонија.
Заедно можеме да создадеме подобра и побезбедна дигитална иднина!
Вклучи се!
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Сите прашања кои беа поставени за време и по информативните сесии ќе бидат поставени тука...
Тимовите може да бидат составени од 2 до 4 члена.
Тимовите може да бидат составени од членови од различни Универзитети/Факултети/Студски области. Учество е дозволено и за студенти кои не присуствувале на инфо-сесијата. или претходно не изразиле интерес за индивидуално учество. Но секој член на тимот кој не потполнил претходно индивидуална форма за изразување на интерес, треба да ја пополни. 📍 Линк до индивидуалната форма: https://forms.gle/zH3D3Qw6tAQoWiWJ7
Ако нашиот тим се состои од студенти од различни универзитети, дали тоа влијае на евалуацијата на критериумот „Тимска соработка“?
Критериумот „Тимска соработка“ оценува дали членовите на тимот имаат јасно поделени улоги и вештини кои се надополнуваат. Тим со различно академско потекло е одличен пример за комплементарност.
Колку ќе трае натпреварот?
Настанот ќе трае два дена - 13ти и 14ти декември 2025 година, паралелно на три локации- во Скопје, Битола и Тетово.
Дали е прифатливо да предложиме решение кое комбинира повеќе од еден предлог од листата со „Предлог содржини“, на пример, едукативна алатка која се бори против дезинформации?
Апсолутно! Листата е само предлог и не е исклучива. Ве охрабруваме да бидете креативни и да ги комбинирате насоките за да создадете што покомплексно и ефективно решение за дигитална безбедност.
Колку е важна употребата на Вештачка интелигенција (АИ) во решението? Дали ќе имаме предност ако користиме АИ, или се охрабруваат и традиционални дигитални формати?
Употребата на АИ е охрабрена, но не е задолжителна. Се охрабруваат и сите интерактивни дигитални содржини како што се видео, квиз, едукативна игра и слично. Критериумот „Креативност и иновативност“ е 20% од вкупната оценка – без разлика на алатката, важен е новиот, интересен и интерактивен пристап кон проблемот.
Како ќе се евалуира критериумот „ техничка изводливост“ – дали жирито ќе бара функционален прототип или само добро осмислен концепт?
Иако комплетно функционален прототип не е задолжителе, јасно дефиниран концепт и доказ дека решението е технички можно да се реализира ќе добие повисоки поени.
Македонски
English (UK)
