Во денешно време, процесот на дигитализација се развива на забрзан начин и дигиталните вештини стануваат сè позначајни во секојдневниот живот во повеќето европски земји. Сепак, ранливите групи на граѓани како што се мигрантите, барателите на азил и бегалците, се изложени на ризик од исклучување од дигиталната трансформација поради помалку можности за развивање на дигиталните вештини. Затоа, тие може да се соочат со повеќе предизвици во остварувањето на нивните права и исполнувањето на нивните обврски. Имајќи ги предвид овие предизвици, проектот DigitALL4Migrants има за цел да го премости јазот во дигиталните вештини на мигрантите, барателите на азил и бегалците преку развој на иновативни алатки кои би ја поттикнале нивната инклузија во земјите на дестинација. Истовремено, проектот предвидува и зајакнување на професионалците кои работат во областа на миграцијата со различни дигитални алатки, овозможувајќи им да ги поддржат мигрантите, барателите на азил и бегалците во секојдневните активности и обврски.

DigitALL4Migrants Методолошките Водилки содржат приспособена рамка генерирана преку примена во различни земји и одразуваат различни правни и дигитални контексти -  главно оние од земјите од каде потекнуваат партнерите на проектот: Шведска, Шпанија, Италија и Северна Македонија. Применета е комбинацијата на методологијата на Max-Neef со методи на истражување избрани за да одговараат на контекстите во различни земји (на пр., интервјуа и анкети) за откривање на дигиталните потреби што мигрантите, барателите на азил и бегалците ги имаат за време на интеграција во земјите домаќини. Наодите генерирани од примената на рамката Max-Neef се претставени во документот и именувани DigitAll4Migrants Framework. Рамката се појави како важна алатка за поддршка на луѓето кои работат на полето на миграцијата во идентификувањето на специфичните потреби кога станува збор за користење на дигитални алатки или функционирање во дигиталната средина за мигрантите, барателите на азил и бегалците во општествата домаќини.

Документот може да го погледнете на следниот ЛИНК