Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598 881 милиони денари и во однос на 2015 година е номинално зголемен за 7.1%.
Реалната стапка на раст на БДП во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 2.9%. Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2016 година имаат секторите:
- (Е, Ж и З) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли;
- Транспорт и складирање;
- Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.7%).
Финалната потрошувачка во 2016 година, во однос на 2015 година, номинално расте за 2.6%, а во структурата на БДП учествува со 82.1%. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50.0%.
Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 7.7%. Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62.7%, машините и опремата со 30.1%, а останатите инвестиции со 7.2%.