🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје!

Иновации „Од Млади за Млади“ за побезбеден интернет!  
Националниот хакатон „MKSAFENET Innovators 2025!“

Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина

Центарот за управување со знаење (ЦКМ) го споделува повикот за изразување на интерес за учество на студентски

Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон.

Тимот Risonic, составен од учениците Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани ќе ја

MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите!

На 2ри април 2025 година, Центарот за управување со знаење успешно ја реализираше посетата во основното

Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ”

Празнично и во одлична атмосвера на 27 и 28 август, Во Лесковац, Србија, во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ”,

Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси

Дигитална декада – Квалитет на јавните е-услуги за бизнисите собра експерти од различни области, луѓе кои

Previous Next Play Pause
🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје! 🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје!
Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина
Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон. Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон.
MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите! MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите!
Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ”
Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси

Автор: Марија Зеленковска

На 20ти мај (четврток) се одвиваше првата сесија од WECAN обуката за зајакнување на жени претприемачи. На самиот почеток од оваа сесија, жените кои се дел од оваа обука се запознаа на креативен начин така што ги споделија меѓусебно нештата кои највеќе ја доловуваат нивната личност или кои се дел од нивното секојдневие. По воведното запознавање, на учесничките им беше претставен сеопфатно проектот WECAN, неговите активности и цели како и досегашните реализации и случувања во склоп на истиот.

Откако добија целосен увид во проектот, учесничките имаа можност да се спознаат со цветот на 9-те Ентрекомп вештини и потоа преку Ентрекомп вежба тие ги одредија своите вештини со кругови во различни бои во зависност од тоа кои сметаат дека се нивните послаби страни, предности и тие кои треба се уште да се доусовршат. Имајќи подобар увид во своите вештини, учесничките потоа имаа можност целосно да го пронајдат своето ИКИГАИ, јапонскиот концепт кој преку своите 4 клучни прашања ни ја открива нашата животна цел. Надоврзувајќи се на овие две интерактивни вежби во кои тие активно учествуваа, на крајот од сесијата им беше презентирана Lean методологијата и нејзините принципи и сите фази при развојот вклучувајќи го и МИП - минималниот изводлив производ.


Втората сесија од оваа обука се одвиваше на 25ти мај (вторник) и беше подеднакво успешна! Учесничките повторно беа целосно вклучени во текот на сесијата која започна со интерактивна работилница во која жените имаа можност да ги осознаат сопствените знаења,ставови и вештини што им се потребни за да станат успешен претприемач. Тие исто така, постепено градејќи го својот претприемнички став за првпат имаа можност да ги развијат и да ги преточат своите бизнис замисли во план водејќи се по своето ИКИГАИ. Токму затоа и на самиот крајот од оваа сесија се осврнавме кон запознавање со Бизнис модел-навигаторот и идентификацијата на фазите на развој која им помогна целосно да се насочат кон реализацијата на сопствениот бизнис план и да ја конкретизираат својата идеја притоа водејќи се по Lean чекорите за тестирање на нивните претпоставки.