🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје!

Иновации „Од Млади за Млади“ за побезбеден интернет!  
Националниот хакатон „MKSAFENET Innovators 2025!“

Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина

Центарот за управување со знаење (ЦКМ) го споделува повикот за изразување на интерес за учество на студентски

Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон.

Тимот Risonic, составен од учениците Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани ќе ја

MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите!

На 2ри април 2025 година, Центарот за управување со знаење успешно ја реализираше посетата во основното

Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ”

Празнично и во одлична атмосвера на 27 и 28 август, Во Лесковац, Србија, во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ”,

Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси

Дигитална декада – Квалитет на јавните е-услуги за бизнисите собра експерти од различни области, луѓе кои

Previous Next Play Pause
🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје! 🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје!
Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина
Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон. Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон.
MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите! MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите!
Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ”
Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси

Центарот за управување со знаење сака да иницира соработка со претпријатија од Северна Македонија  во рамки на проектот „ Модел на оддржливо управување со човечките ресурси – Circular HRM “.  

 slikacrm

Circular HRM  се спроведува во соработка со осум партнери од Европската Унија. Истиот е ко-финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија, преку Белгиската Национална агенција за доживотно учење.

Circular HRM цели да го замени сегашниот линеарен модел на управување со човечките ресурси (вработување, развој, користење и заминување) со нов модел на оддржливост на вештините преку имплементирање на принципите на циркуларната економија. Тој ја подржува транзицијата на индустрискиот сектор од традиционален, линеарен модел во оддржлив (циркуларен) модел кој ја зголемува регенерацијата на вештини и компетенции на работното место.

Преку развојот на овој модел и обучување за истиот, во рамки на претпријатијата ќе се овозможи зголемување на нивото на вештини на менаџерите и раководителите, а со тоа справување со предизвиците со неусогласеност на вештините и знаењата на вработените како и предизвиците со стареењето на работната сила.

Претпријатијата кои ќе изразат интерес за вклучување во проектот ќе бидат вклучени во процесот на идентификување на најдобрите практики, како и две бесплатни обуки наменети за:

  • менаџерите и раководителите
  • вработените.

Кратко писмо на интерес можете да испратите до Центарот за управување со знаење, до Андријана Богдановска на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Центарот за Управување со Знаење е истражувачки центар формиран во 2008-ма година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во република Македонија и регионот на ЈИЕ. Центарот покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.  Повеќе за организацијата Центар за управување со знаење и нејзините активности можете да најдете на следниот линк.